Алегри испиша историја, па најави дека Јувентус може да се бори и за титула во Серија А

Јувентус е нов лидер во италијанското првенство. Старата дама лесно со 3:0 победи на гости кај Лече и стигна до 52 бода, еден повеќе од Интер, кој има и меч помалку. За тренерот на Јувентус, Масимилијно Алегри, ова беше јубилејна 300-та победа во Серија А, со што стана само трет тренер со ваков подвид. Пред него се само Џовани Трапатони со 352 тренерски победи и Нерео Роко, кој како тренер имал 302 победи во Серија А.

Алегри, кој до неодамна велеше дека фокусот на Јувентус е да биде во Топ 4 на табелата, сега е малку поголем оптимист.

„Во фудбалот нема невозможни работи. Мора да веруваме дека сме способни да направиме важни работи. Треба да веруваме во нашите сили, но ако некој друг биде пред нас, треба да му честитаме. Се радувам што стигнав до 300-та победа. Мислам дека сум голем среќник бидејќи работам со исклучително квалитетни фудбалери, кои е задоволство да се гледаат како играат“, задоволно кометира Алегри.

- Оглас -

Најнови вести