Исланд стигна до првите бодови во главната групна фаза откако со 35:30 ја победи Хрватска во меч од четвртото коло. Уште пред овој меч, Исланд немаше никакви шанси за место во полуфиналето, додека Хрватите имаа теоретски шанси, но мораа да победат. Со овој пораз, Коцкестите веќе и дефинитивно немаат шанси да се борат за трофеј на Европското првенство во Германија.
Во првото полувреме двата тима неколку пати се менуваа во водство. Исланд водеше со 3:2, а потоа Хрватска со серија од 6:1 стигна до водство од 8:4. Потоа дојдоа „петте минути“ за Исланд, кој од негатива од два гола (11:9), стигна до предност од 12:11. Исланд водеше со 14:13, кога во финишот на првиот дел Коцкестите со низа од 4:0 ја вратија предноста, а на полувреме заминаа со водство од 18:16.
https://twitter.com/i/status/1749457439542419926
Во второто полувреме се играше гол за гол на двете страни и беше 25:25 на 15-тина минути до крајот, а потоа следуваше клучната серија на Исланд од шест гола по ред за водство од 31:25 на пет минути до крајот и тогаш беше јасно кој е победникот.