Рускиот тенисер Данил Медведев ќе биде противникот на Јаник Синер во неделното финале на Отвореното првенство на Австралија откако во неверојатен меч со голем пресврт славеше над Александер Зверев.
Медведев губеше со 2-0 во сетови, но успеа да се врати, да ги освои наредните два во тај-брејк и потоа да го добие одлучувачкиот петти сет и по четири часа и 22 минути игра да победи со 5:7,3:6,7:6,7:6,6:4.
Ова ќе биде негово шесто гранслем-финале, а трето финале во Мелбурн. Во 2021 година тој загуби од Новак Ѓоковиќ (7:5,6:2,6:2), а во 2022 година Рафаел Надал славеше во пет сета со 2:6,6:7,6:4,6:4,7:5.
Во првиот сет беа напревени дури пет брејка, Зверев одлично почна со два брејка за 1:4, но возврати Медведев, кој во десеттиот гем дојде до 5:5. Во следниот гем Зверев повторно направи брејк и со сигурен сервис дојде до 1-0 во сетови.
Во вториот сет имаше два брејка кои ги направи Германецот за водство од 2-0 во сетови.
If Daniil Medvedev goes on to win the #AusOpen then this has to be elected the luckiest shot of the decade. RIGHT? pic.twitter.com/JrXT0dT9ED
— Gaspar Ribeiro Lança (@gasparlanca) January 26, 2024
Во третиот сет, двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис, имаше само три брејк-топки, и тоа за Медведев, но Зверев успеа да ги спаси и да го однесе мечот во тај-брејкот. Во него подобар беше Медведев и го доби со 7-4.
Четвртиот сет беше идентичен како и третиот, без брејк и победникот мораше да се одлучува во тај-брејкот. Во одлучувачкиот гем, Медведев при 5-5, успеа да направи два мини-брејка на сервис на Зверев и да се избори за петти сет.
Во петтиот сет со голема психолошка предност влезе Медведев и тоа го искористи на најдобар начин. Во петтиот гем успеа да направи брејк за водство од 3-2 и потоа со сигурен сервис да ја зачува предноста и да се пласира во финалето.