Чудото на Вилјареал против Барселона се нема случено повеќе од 60 години

Барселона и Вилјареал одиграа меч за историја, а на крајот гостите се радуваа на неверојатна победа од 5:3. Жолтата подморница водеше со 2:0, но Барселона се врати во игра и стигна до 3:2.

Сепак тоа не беше се, па Вилјареал прво израмни на 3:3, за да во судиското надополнување, односно во 99 и 101 минута постигна уште два гола за триумф од 5:3.

Вилјареал со овие пет постигнати гола на теренот на Барселона поставија рекорд кој неколку децении не бил достигнат. Жолтата подморница стана првиот тим во последниве 90+ години, кој успеа да даде пет гола на теренот на Барселона.

Барселона вака не била понижена и не примила пет гола на домашен терен уште од јануари 1963 година кога Реал Мадрид победил со историски 5:1. Сеха е ред да се запамти и голеадата на Вилјареал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести