Манчини ги понижи Саудијците, а потоа им се извинуваше и им нудеше објаснување

Италијанскиот стратег Роберто Манчини се најде во центарот на скандалот на Азискиот куп на нациите. Манчини беше дел од овој турнир како селектор на Саудиска Арабија, селекција која синоќа беше елиминирана од Јужна Кореја, и тоа по изведување на пенали.

За време на пенал-драмата, фудбалерите на Саудиска Арабија промашија два од четири удари, а Манчини во еден момент се сврте и замина од теренот кон соблекувалната. Сепак, тоа не беше крајот на мечот затоа што Јужна Кореја требаше да шутира уште еден пенал, кој го погоди и со тоа го потврди местото во четвртфиналето.

Сепак, заминувањето на Манчини пред официјално да заврши средбата предизвика гнев кај фановите на Саудиска Арабија, кои дури бараат и оставка од италијанскиот стратег. По мечот, Манчини се извинуваше и објаснуваше за својата постапка.

„Се извинувам, но си заминав затоа што мислев дека заврши мечот. Многу сум тажен затоа што примивме гол во последната минута, а потоа загубивме на пенали. Не можам да разберам зошто имаше 10 минути дополнително време? Мораме уште повеќе да напредуваме и да се подобруваме“, рече Манчини по елиминацијата на Саудиска Арабија.

Потегот на Манчини кои ги разлути сите фудбалски фанови во Саудиска Арабија може да го видите ТУКА.

 

 

- Оглас -

Најнови вести