Чурлинов има половина годинa да го спаси славниот германски тим од згаснување

Поранешниот германски шампион за кого пред неколку дена потпиша македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов, Шалке, доколку испадне од втората германска лига, ќе претстане да постои, објави „Скај Германија“.

Тимот кој е меѓу најпопуларните во Германија, минатата сезона испадна од Бундеслигата, а сега го очекува грчевита борба за опстанок во Втората лига бидејќи се наоѓа на делба од 15-тата до 17-тата позиција со 20 освоени бода.

Доколку испадне во Третата лига, тоа автоматски ќе значи згаснување на тимот.
Според „Скај Германија“, долгот на Шалке изнесува неверојатни 165 милиони евра и во таква ситуација, второ испаѓање во понизок ранг би значело дека клубот на ниту еден начин нема да може да добие лиценца за следната сезона.

Во такво сценарио, ќе мора да се прогласи стечај и овој тим на Шалке ќе престане да постои и би се формирал нов тим кој со настапите би започнал од аматерските лиги.

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов, пред неколку дена се врати во Шалке и веќе на првиот натпревар, против Кајзерслаутерн постигна гол, но неговиот тим загуби со 4:1.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести