Репрезентацијата на Русија, но и клубовите од оваа земја, се под санкции на УЕФА и ФИФА и забрането им е да учествуваат во меѓународни натпреварувања, но затоа можат да играат пријателски дуели. Русите досега играа само против земји надвор од Европа, но сега првпат по двегодишна пауза ќе одиграат дуел против европска земја.
На 21 март во Москва ќе гостува репрезентацијата на Србија, првата и во моментов единствената европска земја која прифати одигрување на пријателски натпревар против Русија.
За таа цел Русите на социјалните мрежи објавија дека остануваат уште 50 дена до натпреварот и испратија порака: „Се радуваме на пријателскиот натпревар против нашите браќа“.
https://twitter.com/TeamRussia/status/1752633414182678748?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1752633414182678748%7Ctwgr%5Ef3270c5f7bbf14a06d3cd67624a4ccdfe6687b9b%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Ffudbal%2Frusija-srbija-prijateljska-utakmica-potvrda%2F467668