Зимскиот преоден рок заврши, Енис Барди остана во Трабзонспор

Иако имаше понуди од германски, шпански и американски клубови, актуелниот капитен на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди, реши да остане во Трабзонспор најмалку до крајот на сезонава.

Како што се ближеше крајот на зимскиот преоден рок, така Барди ги одбиваше понудите, почна да игра малку повеќе во турската лига, па дефинитивно реши да остане и да му помогне на тимот.

Според турските медиуми, Барди имал состанок со раководството на клубот и стручниот штаб и им кажал дека не сака да си оди и дека го сака Трабзон, што било доволно и тие да не инсистираат на трансфер, иако Енис понекогаш е критикуван за променливите игри.

- Оглас -

Најнови вести