Поранешниот фудбалер на Барселона, а сега спортски директор на Каталонците, Деко, за шпанските медиуми говореше колку е тешко за клубот да најде соодветни засилувања со оглед на финансиската состојба во која се наоѓа.
„Не сакаме да ги продадеме Роналд Араухо и Френки де Јонг. Планот ни е да ги задржиме клучните играчи и да донесеме нови засилувања. Што се однесува до Канселао и Феликс, кои се кај нас како позајмени, ќе се обидеме да ги направиме да бидат наши фудбалери. Не заборавајте дека успеавме да го донесеме Рафиња, иако го бараа и Челзи и Арсеал. Би сакале да ги купиме и Роналдињо, Ето и Деко, но тие веќе не играат фудбал“, рече Португалецот.