Иницијатива Израел да биде суспендиран, а контрапораката е дека политиката не смее да се меша во спортот

Фудбалската репрезентација на Израел се соочува со можна суспензија од ФИФА поради нападите и војната што се случува во Газа. Вкупно 12 држави од Блискиот Исток испратија писма до Светската фудбалска федерација (ФИФА) во кое бараат да биде воведена суспензија за селекцијата на Израел.

Меѓу федерациите кои застанаа зад овој предлог за суспензија се: Палестина, Саудиска Арабија, Катар, Обединети Арапски Емирати и Јордан. Писмото било испратено до сите 211 фудбалски федерации кои се членки на ФИФА.

Веднаш следуваше реакција од Израел со порака дека политиката не смее да се меша во спортот.

„Веруваме дека ФИФА нема да ја меша политиката во спортот. Ние сме против какво било мешање на политика во спорт. Наш сон е да се квалификуваме на ЕП 2024 и да се радуваме во светски мир“, порача извршниот директор на Израелската федерација, Нив Голдстејн.

Израел е дел од баражите за пласман на ЕП 2024 и според распоредот, на 21 март треба да игра против Исланд. Победникот од тој дуел ќе игра против подобриот од Босна и Херцеговина – Украина, а потоа најдобрата селекција ќе биде дел од континенталниот собир кој летово ќе се игра во Германија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести