Младиот турски фудбалер Кенан Јилдиз ќе го носи дресот со бројот 10 во Јувентус, во следната сезона. Дресот со бројот 10 во Јувентус има посебно значење, а низ историјата го носеле голем број на фудбалски легенди. Овој број кај Старата дама припаѓал на Мишел Платини, Алесандро дел Пиеро, Роберто Баџо, а во последните неколку сезони честа ја имаа Пол Погба и Пауло Дибала.
Погба неславно заврши во Јувентус откако падна на допиг тестот и сега дресот со бројот 10 остана празен за следната сезона. Во таборот на тимот од Торино веќе одлучиле дека талентираниот Јилдиз треба да ја добие „десетката“.
Се работи за 18-годишен талент кој треба да го продолжи договорот со Старата дама до 2029 година, а како награда за верноста ќе го добие вредниот број 10.
„Во Јувентус решија дека Кенан Јилдиз ќе го добие дресот со бројот 10 и тој ќе биде лидер во иднина. Преговорите се во тек, а на маса е понуда од еден милиони евра годишна плата и договор до 2029 година“, пишува Газета дело Спорт.
Тинејџерот дојде во Јувентус во 2022 година и тоа од редовите на Баерн Минхен каде ги помина сите младински категории. Дека се работи за голем талент Јилдиз потврдува со игрите сезонава во која одигра 15 меча и досега постигна три погодоци.
https://youtu.be/-Gf800V640k?si=Eb0Ge4_-r6DAQIj6