Нереално е тоа што го прави Чаби Алонсо со Баер Леверкузен

Кога Чаби Алонсо беше назначен за тренер на Баер Леверкузен на 5 октомври 2022 година, тимот беше на 16 место на табелата во Бундеслигата. Фармацевтите беа дури и во опасност дека може да се борат за опстанок ако продолжат со лошите игри, но тогаш се појави Алонсо. Три дена подоцна тој дебитираше на клупата на Баер и тоа со убедлива победа од 4:0. Тоа како да беше знак дека Алонсо носи нешто што досега го немал Баер.

Младиот шпански стратег пред да дојде во Германија го имаше водено само Б тимот на Реал Сосиедад и се немаше докажано на тренерското место. Сепак, Алонсо покажа дека има визија и знаење како да го води тимот. До крајот на таа сезона, Баер од 16 дојде до шестото место и се избори за место во Лигата на Европа.

Сезонава тимот на Алонсо блеска во сите натпреварувања. Неверојатно делува фактот дека поминаа седум месеци од сезоната, а Фармацевтите уште немаат ниту еден пораз. Тимот едноставно е доминантен каде и да игра, па во 31 дуел во сите натпреварувања, билансот е 27 победи, четири нерешени и ниту еден пораз. Неверојатен е и фактот дека досега Баер постигна 93 погодоци што е просек од точни три гола по меч. Орими само 18 гола, а има 15 средби на кои ја заштити својата мрежа.

Доказ за доминацијата беше и вчерашната победа од 3:0 против Баерн Минхен, а Алонсо беше пресреќеен.

„Честитки за играчите. Покажаа дисциплина. Не беа доминантни во поседот на топката, но беа доминантни на теренот. Секако дека првиот гол беше многу важен. Бевме подготвени за тактиката на Баерн Минхен. Знаевме во вистински момент да притиснеме. Дефанзивниот ред против Баерн одигра одлично. “, вели Алонсо.

Доколку во следните два меча кои треба да ги одигра, Баер остане непоразен, Фармацевтите ќе го срушат германскиот рекорд на Баерн Минхен за најмногу дуели во една сезона во сите натпреварувања без пораз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести