Коло Муани: Секогаш ќе бидам играчот кој утна шанса во последна секунда на финале на СП

Францускиот напаѓач, Рандал Коло Муани, никогаш нема да може да ја избрише од сеќавањето утката која му ја одбележува досегашната кариера, онаа од финалето на Мундијалот во Катар, кога во финишот при резултат 3-3, се најде очи во очи со Роберто Мартинес, а аргентинскиот голман го одбрани шутот.

Да дадеше гол Коло Муани ќе беше херој на нацијата и цел свет ќе го паметеше по тој погодок, а вака сите ќе зборуваат за неговата пропуштена прилика која придонесе Франција да остане без светската титула.

„Секогаш ќе бидам играчот кој утна при 1 на 1 ситуација во последната секунда од финалето на Светско првенство. Тоа ќе ми остане до крајот на животот. И после крајот на кариерата, луѓето уште ќе зборуваат за тоа. Ми се гади кога ќе се сетам“, рече Коло Муани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести