Поранешниот англиски репрезентативец и своеврмено еден од најголемите таленти во Европа, Деле Али, веќе една година е надвор од фудбалските терени. Тој блесна во дресот на Тотенхем, но фудбалски почна да паѓа кога направи трансфер во Евертон.
Таму немаше голема минутажа, па беше испратен на позајмица во Бешикташ, екипа за која го одигра и последниот меч пред една година кога се повреди. Прво страдаше колкот, потоа и препоните, а сега се рехабилитира како фудбалер на Карамелите, но сè уште е далеку од враќање на зелениот терен.
Деле Али за репрезентацијата на Англија одигра 37 натпревари, а настапи и на Светското првенство во 2022 година. Тогаш неговата вредност на „Трансфермаркет“ беше 100 милиони евра, но сега вреди 20-пати помалку, односно само пет милиони евра.