Волкановски: Немојте да се чудите кога ќе почнам да го фрлам Топурија во октагонот

Претстојниот викенд во Анахајм, САД, ќе се одржи приредбата УФЦ 298 на која главна борба ќе биде таа за титулата во перолесна категорија меѓу Австралиецот со македонско потекло Александар Волкановски и Грузиецот Иља Топурија.

Волкановски по поразот од Ислам Махачев во лесна категорија, се враќа во својата категорија и на предизвикувачот Топурија во негов стил му одговори на прозивките. Откако беше договорена борбата, Топурија изјавуваше дека Волкановски е стар и неговото време поминало, а сега дојде ред и шампионот да му одговори.

„Што се однесува до таквите закани, ги обожувам. Сите знаат дека едвај чекам вакви моменти. Кога луѓето се сомневаат во мене, тогаш сум најдобар. Можете да зборувате што сакате, но по борбата ќе бидат поинакви муабетите. Подготвен сум за овој млад и гладен борец. Нема да ме изненади, а не треба ниту вас кога борбата ќе ја направам лесна. Не велам дека тоа е единствен начин, не сум вообразен. Но, немојте да се изненадите ако не успее да ме удри и доколку го фрлам во октагонот“, изјави Волкановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести