Бешикташ отпушти фудбалер бидејќи имал профил на „Тиндер“

Турскиот фудбалер Емирхан Делибаш (21) доби отказ во Бешикташ и тоа не поради фудбалски причини, туку до прекин на соработката дошло откако во клубот дознале дека фудбалерот имал профил на апликацијата за запознавање луѓе  „Тиндер“.

„Ја прекинавме соработката со фудбалерот Емирха Делибаш. Ова беше заедничка одлука и му посакуваме многу успеси во иднина“, стои во соопштението на турскиот тим.

https://twitter.com/eurofootcom/status/1759567726756925479?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1759567726756925479%7Ctwgr%5E0b4af4bd40cc73a102f1ac3776927a3e7deec92d%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fmondo.rs%2FSport%2FFudbal%2Fa1891765%2FEmirhan-Delibas-dobio-otkaz-u-Besiktasu-zbog-Tinder-profila.html

 

На социјалните мрежи потоа беше објавена и причината за отказот. Се појави фотографија од фудбалерот од апликацијата „Тиндер“, каде што лажел за возраста, напишал дека има 24 години, а минатиот месец го прослави 21-виот роденден.

Младиот фудбалер неколку часа пред да добие отказ се огласи на својот профил на „Инстаграм“ и порача дека некој му направил лажен профил на „Тиндер“.

„Сакам да се огласам поради шпекулациите кои се шират за мене. Тоа е лага, некој направил лажен профил. Лојалноста кон мојот тим не може да се доведе во прашање, го сакам Бешикташ и тоа е мојот најголем мотив“, напиша Делибаш, но потоа доби отказ.

- Оглас -

Најнови вести