ПСЖ испрати навредлива понуда до Барселона за Холанѓанецот

Францускиот шампион ПСЖ вообичаено кога планира да направи ремонт или бум на трансфер-пазарот, тропа на вратата на Барселона и тоа ќе го направи и налето.

Светците во 2017 година го купија Нејмар за рекордни 222 милиони евра од Барселона, а минатото лето го донесоа Осман Дембеле, а за претстојното лето планираат да го ангажираат Френки де Јонг.

Но, првата понуда е многу под очекувањата на челниците на Барселона и изнесува само 60 милиони евра и експресно е одбиена.

Неодамна претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, изјави дека Де Јонг може да ја напушти Барселона само ако некој тим понуди повеќе од 100 милиони евра.

Френки де Јонг во Барселона пристигна во 2019 година од Ајакс, во трансфер вреден 75 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести