Гендузи со гол во 51-вата и Каталди со 57-мата минута му донесоа вредна победа на Лацио од 2-0 на гостувањето кај Торино. При двата гола, асистент беше Луис Алберто.
Лацијалите, кои во минатото коло беа поразени од Болоња, им се вратија на победите и сега се седми на табелата во Серија А, со бод помалку од шестопласираната Рома, а со по пет бода помалку од четвртата Аталанта и петтата Болоња.
Торино немаше пораз во 2024 година, но вечерва им заврши низата од шест меча на коишто или победуваше или играше нерешено.