Нова повреда во Реал Мадрид, му дојде редот и на Хоселу

Проблемите во Реал Мадрид со повредени играчи никако да запрат. На листата на повредени сега е и единствениот класичен напаѓач Хоселу.

Според шпанските медиуми, Хоселу ќе отсуствува околу три недели. Тој денеска не тренираше со екипата и нема да биде во составот за дуелот со Севилја в недела вечер.

Тренерот Карло Анчелоти има огромни проблеми околу составот, повредени се Куртоа, Алаба, Милитао, Белингам, сега и Хоселу. Против Севилја ќе ги нема и суспендираните Карвахал и Камавинга. Добра вест е тоа што тренираше Антонио Ридигер и би можело да се врати на терен по паузата која ја имаше.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести