Првите три натпревари од 23-тото коло во Бундеслигата завршија без победник, а прв ток кој ќе ги исвои бодовите е Борусија Менхенгладбах чиј натпревар против Бохум започна подоцна и води со 4:2.
Унион Берлин пред своите гледачи одигра 2:2 против Хајденхајм. Гостите поведоа уште во третата минута преку Доведан, но до крајот на првиот дел, фудбалерите на Унион Берлин успеаја да направат пресврт.
Прво Госенс во 44-та минута израмни на 1:1,, а потоа во судиското продолжение Шафер погоди за 2:1. Голот вреден бод за Хајденхајм го постигна Бесте во 71-та минута.
Унион Берлин сега е во серија од четири меча без пораз дојде до 12-тата позиција на табелата со 25 бода, дури осум повеќе од Келн кој е во зоната на испаѓање. Хајденхајм е деветти со 28 бода.
Штутгарт ја прекина серијата од четири победи по ред откако денеска пред своите гледачи одигра 1:1 против Келн. Енцо Мило им донесе радост на домашните навивачи на стартот од второто полувреме, но Мартел во 62-та минута го израмни резултатот. И покрај ремито, Штутгарт останува на третото место на табелата со 47 бода, шест повеќе од Борусија Дортмунд која мечот против Хофенхајм ќе го игра утре.
И Вердер и Дармштад одиграа 1:1, а двата гола ги постигнаа гостинските фудбалери. Прво во осмата минута Цимерман си ја погоди сопствената мрежа, а потоа во 33-тата минута Јустван ја затресе мрежата на домаќинот.
Пред победа се наоѓа Борусија Менхенгладбах чиј натпревар започна подоцна и води со 4:2 против Бохум.