Кошаркарската репрезентација на Чиле утринава приреди сензација во квалификациите за Купот на Америка 2025 победувајќи ја Аргентина со 79:77, но славата не им припадна на играчите, туку на неочекуван посетител на теренот.
Имено, на средина од првата четвртина на теренот се појави куче, поради што мечот на неколку минути беше прекинат.
https://twitter.com/i/status/1762009607373738277
Чиле до победата дојде до поенот од слободно фрлање на Мануел Суарес на една секунда пред крајот на натпреварот, а потоа намерно не го погоди второто фрлање за да истече времето.
Токму Суарес беше најефикасен на натпреварот со 29 постигнати поени, додека Моралес даде 17 поени, а кај Аргентина најдобар беше Габриел Дек со 20 поени.