Премиер лигата му врати четири од десетте одземени бода на Евертон

Екипата на Евертон делумно доби усвојување на жалбата која ја имаше овој клуб упатено поради одземените 10 бода. Карамелите беа казнети поради прекршување на финансискиот ферплеј, па тимот се најде во опасност дека може дури и да испадне сезонава.

Сепак, со добрите игри, Евертон избега од зоната за испаѓање, а со враќањето на четири од 10-те одземени бода, тимот од „Гудисон парк“ сега има 25 бода и се искачи на 15-тото место на табелата.

Одземените 10 бодови беа историски најмногу за еден тим во Премиер лигата поради прекршување на финансискиот фер-плеј.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести