Гринвуд побарал Белингам да не биде казнет по скандалот меѓу двајцата Англичани

Мејсон Гринвуд, напаѓачот на Хетафе, побарал од челниците на Примера дивисион и Фудбалската федерација на Шпанија да ја прекинат истрагата против Џуд Белингам, тврдат медиуми од Англија и Шпанија.

Овие двајца фудбалери влегоа во конфликт за време на градското дерби меѓу Хетафе и Реал Мадрид, кога ТВ-камерите забележаа како Белингам кон Гринвуд му дофрлува „силувач“. Гринвуд помина тежок период во Англија, каде што беше обвинет дека силувал девојка.

https://twitter.com/i/status/1754981784075333903

Според правилата во Шпанија, доколку Белингам биде прогласен за виновен, може да добие суспензија од неколку мечеви, што секако би било голем удар за Реал Мадрид. Сепак, Гринвуд побарал воопшто да нема никаква казна за неговиот сонародник.

„Мејсон изјави дека не сака Џуд да биде казнет и побара да биде прекината истрагата. Не сака лош публицитет и сака да се фокусира на фудбалот. Тој беше многу вознемирен кога тоа се случи бидејќи не го очекуваше тоа од Белингам. Но, на крајот е свесен дека треба да биде силен бидејќи такви напади се можни“, изјавило за „Сан“ блиско лице на Гринвуд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести