Нико Галешиќ од Риека со неверојатен гол од слободен удар му донесе победа на својот тим од 1-0 на гостувањето кај Рудеш во четвртфиналето на Хрватскиот куп.
Риека е трет полуфиналист, заедно со Хајдук и Локомотива, а четвртиот патник ќе се знае вечерва, по дуелот на Динамо Загреб со Горица.
Се играше 78-мата минута, кога за Риека беше досуден слободен удар на 30-тина метри од голот на домашните. Галешиќ покажа дека има „топ“ во нозете и упати силен и прецизен удар, по кој топката прво ја допре пречката, па заврши во мрежата.
— HNLGoals (@HnlGoals) February 28, 2024