Ливерпул по секоја цена го сака Алонсо за тренер, и официјално започна преговори со бундеслигашот

Управата на Ливерпул и официјално започна преговори со колегите од Баер Леверкузен за трансферот на тренерот Чаби Алонсо.

Актуелниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, неодамна изјави дека си заминува на крајот од сезоната и изборот на управата на Црвените за наследник на Германецот падна на тренерот кој прави чуда со Баер Леверкузен.

https://twitter.com/DeadlineDayLive/status/1762886196953268623?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1762886196953268623%7Ctwgr%5E5d01d50c0944a4601638c6365ff70cf2a7159111%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2F24sedam.rs%2Fsport%2Ffudbal%2F284660%2Fcabi-alonso-liverpul-leverkuzen%2Fvest

 

Згора на тоа, Чаби Алонсо е поранешен играч на Ливерпул со кого во 2005 година триумфира во Лигата на шампионите.

Но, Ливерпул не е единствен тим кој е заинтересиран за Алонсо, голем интерес за ангажирање на Шпанецот пројавува и Баерн Минхен, кој му нуди годишна плата од 20 милиони фунти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести