Со лизгачки старт наместо да го сопре противникот, му ја „разнесе главата“ на соиграчот (Видео)

Селта Виго синоќа минимално со 1:0 славеше над Алмерија во меч кој освен погодокот вреден три бода за домаќините, го одбележа и несмасниот лизгачки старт на еден гостински фудбалер.

Се играше финишот на првиот дел кога Лука Ромеро остана да лежи на тревата поради повреда и тоа здобоена од свој соиграч. Еден гостински фудбалер во обид со лизгачки старт да го сопре нападот на домаќините, високо ја крена ногата и со отворен ѓон удри директно во главата на Ромеро, кој остана да лежи на тревата.

Реагираше лекарската екипа, која потврди дека се работи за посериозен удар поради кој Ромеро не можеше да го продолжи мечот и мораше да биде заменет. Засега не е познато колку е сериозна повредата на Ромеро и дали тој ќе мора да паузира дополнително.

Luka Romero subbed out after being injured by teammate
byu/Idiotech41 insoccer

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести