Sвездата на Реал на крстопат: Ако не го повика Де ла Фуенте, ќе ја смени репрезентацијата?!

Репрезентацијата на Шпанија месецов ќе одигра два пријателски натпревари против селекциите на Колумбија и Бразил, а фудбалерот на Реал Мадрид, Брахим Диас, е во исчекување дали ќе добие повик од селекторот Луис де ла Фуенте.

Доколку тоа не се случи, Диас ќе го менува репрезентативниот дрес и во иднина ќе настапува за Мароко, државата од која се неговите корени. Диас е роден во Малага, но поседува и државјанство на Мароко, а за Шпанија има само еден настап на пријателски дуел против Литванија, па нема пречки да го смени репрезентативниот дрес, иако ги мина сите младински селекции на Шпанија.

Брахим Диас во 2019-тата година за 17 милиони евра пристигна од Манчестер сити во Реал Мадрид, од каде беше испратен на позајмица во Милан, а сега е страндарден во дресот на „кралевите“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести