Замената за Робертсон ќе го чини Ливерпул 50 милиони евра и доаѓа од Бразил

Шкотскиот репрезентативец Енди Робертсон, налето најверојано ќе се пресели во Баерн Минхен, а Ливерпул веќе ја одреди неговата замена.

Германските медиуми пишуваат дека челниците на Баерн се сериозни да го ангажираат Робертсон, наводно првата рунда преговори со претставниците на дефанзивецот била позитивна и за очекување е налето Баварците да го реализираат неговиот трансфер.

Но, ниту Ливерпул не седи со скрстени раце и веќе ја ја пронајде неговата замена која нема да биде од некоја англиска екипа, туку ќе пристигне од Бразил.

Според англиските медиуми, лев бек на Ливерпул од следната сезона треба да биде играчот на Палмеирас, Луис Гиљерме за кого Црвените се подготвени да платат 50 милиони евра отштета.

 

Гиљерме има само 18 години, продукт е на академијата на Палмеирас, а фудбалските експерти од Бразил му предвидуваат блескава иднина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести