Хаос по поразот од Ливерпул, газдата на Нотингам вербално ги нападна судиите

Ливерпул со минимални 1:0 славеше на гостувањето кај Нотингам форест и тоа со голот на Дарвин Нуњес во 99-тата минута, но по мечот имало и трето полувреме кое се одвивало во тунелот на стадионот „Сити граунд“, а во главната улога бил сопственикот на домашниот тим, Евангелос Маринакис.

Маринакис беше гневен на главниот судија Пол Тирни, кој иако покажа осум минути продолжение, го продолжи мечот дополнителна една минута и токму во неа Нуњес го постигна голот за победа.

 

Контроверзниот сопственик на Нотингам, по последниот свиреж на Тирни, влета на теренот и вербално ги нападна судиите. Тој потоа ги следел се до нивната соблекувална и притоа им велел да ги почитуваат фудбалерите и дека ваквите ситуации се случуваат постојано.

Маринакис е сопственик и на грчкиот гигант Олимпијакос, а пред неколку години беше под истрага на грчката фудбалска федерација поради вршење притисок врз судиите.

 

- Оглас -

Најнови вести