Виљареал игра сè подобро, со петарда ја поздрави Гранада

Фудбалерите на Виљареал ја продолжуваа серијата напревари без пораз во Ла Лига која трае од средината на јануари и денеска ја декласираа Гранада.

Жолтата подморница која последниот пораз го доживеа на 13-ти јануари од Лас Палмас (3:0), веќе седми меч по ред освојува бодови (три победи и четири ремија).

Денеска победата од 5:1 беше најавена уште на стартот од мечот кога Сорлот во седмата минута го отвори резултатот. Само 12 минути подоцна Сорлот погоди за 2:0, а во крајот на првото полувреме, Капу зголеми на 3:0 и ги реши дилемите околу победникот.

Во второто полувреме, Виљареал постигна уште два гола преку Гуедеш и Сорлот, додека Гранада почесниот гол го даде во судиското продолжение.

Виљареал сега е 12-ти на табелата со 32 бода, додека Гранада е претпоследна 19-та со само 14 освоени бодови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести