Во Шкотска се случи шок каков што не е виден во последните шест години

Најтрофејниот шкотски клубови, Глазгов Ренџерс и Селтик имаат викенд за заборав. По 29 кола, Ренџерс останува лидер со 70 бодови, два повеќе од Селтик, додека третопласираниот Хартс има заостанување од 15 бодови.

Ренџерс во саботата на на свој терен беше шокиран од Мадервел и загуби со 0:1. Ова беше прва победа на Мадервел на Инброкс парк во последните 27 години. Селтик имаше шанса денеска со победа на гостувањето кај Хартс да биде нов лидер. Сепак, „Срцата“ не дозволија на Селтик да се радуваат и на крајот Хартс победи со 2:0.

Цели шест години во Шкотска се немаше случено Ренџерс и Селтик да загубат во ист викенд. Во февруари 2018 година, Килманрок со 1:0 го победи Селтик, а Ренџерс загуби од Хиберниан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести