Хаос пред дербито, навивачи на Сараево вооружени до заби упаднаа на територија на противничките фанови (Видео)

Големото дерби во првенството на БиХ помеѓу Железничар и Сараево имаше навивачка предигра.

Навивачите на Сараево, „Хорде зла“ вооружени до заби со ножеви, палки, шлемови,упаднаа во населбата Грбавица која е територија на „Манијаците“, навивачите на Железничар.

Но, наместо на „Манијаците“, навивачите на Сараево налетаа на полиција која дел од нив приведе и не дозволи поголеми инциденти.

Дербито во шампионатот на Бих треба да започне во 18.45 часот.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести