Се чини дека трансферот во Динамо Букурешт се покажа како вистински потег за репрезентативниот дефанзивец, Дарко Велковски. Нашиот фудбалер повторно се најде во тимот на колото во романската Супер лига, откако Динамо Букурешт одигра 0-0 против Поли Јаши на гостински терен.
Велковски на овој натпревар беше столбот на одбрана на Динамо и меѓу највисоко отценетите фудбалери на мечот, па сосема заслужено се најде во идеалниот тим на 29-тото коло во најквалитетната романска лига.
Нашиот фудбалер не само што го води својот клуб кон сигурната зона и опстанокот, туку со одличните игри се наметнува и за нов репрезентативен повик, бидејќи не само што е стандарден, туку игра и на високо ниво во Романија.