Англиската втора лига според рангот, позната како Чемпионшип, за многумина е една од најтешките на светот бидејќи се играат дури 46 кола, а сезонава таму се води спектакуларна битка за останок и се докажуваат мали разлики во квалитетот на голем број клубови.
Досега се одиграа 36 кола, а речиси половина од клубовите живеат во страв од испаѓање во Лига 1.
Лестер сити е на пат за враќање во Премиер лигата, веднаш до него е Ипсвич, а борбата за позициите кои ќе играат за промоција е голема. Уште поголема е борбата за останување во лигата. Ротерам веќе е отпишан, но Шефилд вензди и Стоук сити кои моментно се на позиции за испаѓање, не се единствените за кои треба да се грижат. Дури 12 клуба се само на шест бода од зоната за испаѓање. Дури и 12-тиот Ватфорд во лига со 24 тима не може да каже дека е безбеден.
Вечерва се играат пет меча во Чемпионшип, а квотите во Sport Life стандардно се големи и само на еден натпревар има тим кој важи за голем фаворит.