Бомба од Англија: Селекторот на Гордиот Албион ќе биде нов тренер на Манчестер јунајтед?!

Англиските медиуми секојдневно се занимаваат со името на тренерот кој треба да го предводи Манчестер јунајтед од следната сезона и денеска лансираа вистинска бомба, дека изборот на сер Џим Ретклиф е Герет Саутгејт, актуелниот англиски селектор.

Наводно, новиот косопственик на Манчестер јунајтед е главен за фудбалски операции и е импресиониран од Саутгејт и сака тој да седне на клупата на Црвените ѓаволи.

https://twitter.com/SkySportsPL/status/1765635587627733022

Доколку Саутејт пристигне на „Олд Трафорд“, тогаш прва цел на Ретклиф во летниот преоден рок ќе биде капитенот на англиската репрезентација и напаѓач на Баерн Минхен, Хари Кејн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести