Скандал во Шпанија: 130 велосипедисти се откажале од трката за да избегнат допинг-контрола

Голем скандал го тресе светскиот велосипедизам, откако дури 130 натпреварувачи се откажале пред целта кога виделе дека ќе има допинг-контрола. Скандалозниот настап се случил на традиционална трка во шпанското градче Вилена, а она што е интересно трката ја започнале 182 велосипедисти, дел од нив професионалци.

Наеднаш велосипедистите започнале да се повредуваат и да се откажуваат од трката, а тоа го сториле дури две третини од нив. Останува да се види како ќе постапи сега комисијата за допинг-контрола и дали ќе има санкција за оние кои се откажале.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести