Спортскиот директор на Барселона синоќа имал средба со директорите на Манчестер јунајтед, Џон Муртог и Мат Харгрејвс, на којшто разговарале за летен спектакуларен трансфер.
Според каталонските медиуми, Деко со своите колеги од Манчестер, Муртог и Харгрејвс, разговарал за летен трансфер на отпишаниот Ѓавол, Мејсон Гринвуд, кој сезонава игра на позајмица во Хетафе.
Гринвуд игра одлично во дресот на Хетафе, со што го привлече вниманието на голем број екипи, меѓу кои е и Барселона, која пак сега го направи првиот конкретен чекор.
Од друга страна, Гринвуд поради скандалот со силување и судскиот процес кој заврши минатата година и во којшто беше ослободен од обвиненијата, е отпишан од Манчестер јунајтед иако експертите го сметаа за најголем талент на Црвените ѓаволи во последните 50-тина години.
И самиот фудбалер изјави дека повеќе не се гледа како фудбалер на Манчестер јунајтед и порача дека би сакал да остане во Шпанија, со што се зголемуваат шансите налето да се реализира трансферот и Англичанецот да потпише за Барселона.