Револуционерен потег на ФИФА: Следните пет Светски првенства за играчи до 17 години ќе се играат во иста дражава

Светското првенство за фудбалери до 17 години првпат се одржа во 1985 година. Оттогаш се одржува на секои две години, а актуелен бранител е репрезентацијата на Германија. Светската куќа на фудбалот одлучи да направи коренити промени во ова натпреварување, кое од следната година ќе се одржува секоја година. Веднаш беше одлучено дека Катар ќе биде домаќин на првите пет изданија од изменетото Светско првенство, што значи дека од 2025 до 2029 година надежните фудбалери ќе играат на Блискиот Исток.

Друга голема промена е зголемениот број репрезентации кои ќе учествуваат. Досегашниот број од 24 е двојно зголемен, па од следната година ќе учествуваат по 48 репрезентации.

Светското првенство за играчи до 17 години минатата година се одржуваше во Индонезија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести