Скијачката кралица триумфираше на последниот слалом сезонава, 97-ма победа во кариерата

Американката Микаела Шифрин денеска во австриски Залбах ја извојува својата 97-ма победа во Светскиот куп, јубилејна 60-та во слалом, а тоа се рекорди во историјата на алпското скијање.

Со денешниот триумф, Шифрин по осми пат го освои кристалниот глобус во слалом. Таа сезонава имаше и еден пад на спуст и повреда, но пропушти само неколку трки и се врати во истата форма како пред инцидентот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести