Големиот познавач и аналитичар на првенството на Саудиска Арабија, Тарик Ал-Џалама, во телевизиско гостување во неговата земја откри нови детали околу трансферот на Мохамед Салах од Ливерпул во Саудиска Арабија. Тој тврди дека репрезенаттивецот на Египет ќе потпише за Ал-Наср и ќе му биде соиграч на Кристијано Роналдо.
„Верувам дека Мохамед Салах следната сезона ќе го гледаме во жолто-син дрес“, беа зборовите на аналитичарот.
Дали е ова само уште една шпекулација или Ал-Џалама има информации кои другите ги немаат, ќе видиме налето. Договорот на Салах со Ливерпул истекува летото 2025 година и сигурно дека Црвените од Енфилд ќе сакаат да заработат на неговиот трансфер.
Мохамед Салах во Ливерпул пристигна во 2017 година и оттогаш одигра 337 натпревари, на кои постигна 207 гола, а имаше и 92 асистенции.