Игор Тудор е нов тренер на Лацио

Хрватскиот тренер Игор Тудор е промовиран во нов тренер на Лацио. Тудор доаѓа на местото на Маурисио Сари. Искусниот Сари си замина по серијата слаби резултати губејќи пет од последните шест првенствени натпревари.

По овие очајни резултати, екипата падна на деветтото место во Серија А, а капак беше и елиминацијата во осминафиналето од Лигата на шампионите од Баерн Минхен. Според актуелната ситуација на табелата, Лацио е далеку и од местото кое води во Конференциската лига на УЕФА затоа што заостанува осум бода.

И покрај оваа очајна сезона, Лацио уште има шанси да освои трофеј затоа што Небесносините играат во полуфиналето на Купот на Италија, каде што треба да игра два меча против Јувентус.

Тудор како тренер двапати го предводел ПАОК, а бил и на клупите на Хајдук и Удинезе, Карабукспор, Галатасарај, Верона и Олимпик Марсеј. Последен клуб којшто го водеше е Марсеј, со кого минатата сезона заврши на третото место во француското првенство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести