Дури 12 репрезентации остануваат со надеж дека може да се стигне до завршницата на Европското првенство кое ова лето ќе се игра во Германија. На 21 март ќе се играат шест полуфинални бараж-дуели, а победниците ќе продолжат во финалето.
Ќе се играат три финални дуели од баражите, а само победниците ќе играат на континенталниот собир во Германија. Според коефициентите во Sport Life веќе има фаворизирани селекции, но не треба да се заборави дека се игра само по еден меч и секогаш се можни изненадувања во дуели на кои влогот е огромен.