Легендарниот фудбалер на Барселона и на репрезентацијата на Шпанија, Андрес Иниеста, е обвинет дека затајувал данок додека настапуваше во Јапонија. Тамошните власти тврдат дека Иниеста не ги пријавувал сите приходи, па сега ѝ должи на државата 3,5 милиони евра по основ на данок.
Шпанецот од 2018 до 2023 година беше дел од екипата на Висел Кобе, пред да се пресели во првенството на ОАЕ, каде што настапува за екипата на Емиратес. Иниеста со Висел освои три трифеи, а сега во Емиратите со својата екипа се бори за опстанок.