Кошаркарите на Пелистер се поразени со 81:88 од Спартак Суботица во мечот од последното коло во АБА2-лигата и не успеаја да обезбедат пласман во разигрувањето за пласман во АБА-лигата.
Битолчани сезоната ја завршија со учинок од пет победи и осум порази и во нецелосното коло сега се деветти.
Клучна за поразот беше втората четвртина која Пелистер ја загуби со 15:29 и на одмор замина со негатива од 16 поени (31:47).
Во третата четвртина, биточлани успеаја да дојдат до едноцифрена предност (60:66), но во последните 10 минути немаа сили да направат целосен пресврт.
Андреј Магдевски со 24 поени беше најпрецизен во редовите на Пелистер, Планиниќ имаше 17 поени и 14 скока, а Маслинко даде 11 поени и 10 скока.