Шведската фудбалска федерација објави дека прошталниот меч во чест на Златан Ибрахимовиќ ,кој на крајот на минатата сезона ја заврши играчката кариера, ќе се игра на „Френдс арената“ во Стокхолм на 8 јуни, а противник на Скандинавците ќе биде Србија.
Златан одигра 122 меча за националнииот тим на Шведска, даде 62 гола, со што е прв стрелец во историјата. Дури 12 пати беше прогласуван за играч на годината во Шведска.
Во клупската кариера, Златан играше за Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ, Манчестер јунајтед и Лос Анџелес галакси, а сега работи како советник во Милан.