Јувентус веднаш штом ќе обезбеди пласман во ЛШ, ќе го награди Влаховиќ со нов договор

Управата на Јувентус наскоро ќе започне преговори со својот напаѓач Душан Влаховиќ за нов договор според кој српскиот репрезентативец ќе го носи црно-белиот дрес во следните четири години.

Според весникот „Газета дело Спорт“, агентот на Влаховиќ, Дарко Ристиќ, веќе закажал состанок со управата на Јувентус, кој ќе се одржи веднаш откако Старата дама и официјално ќе обезбеди пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

Актуелниот договор на Влаховиќ истекува во 2026 година, но управата сака уште сега да потпише нов договор со кој ќе се обврзе да остане на „Алијанц арената“ во Торино до 2028 година.

Јувентус на осум кола до крајот на сезоната е третопласиран на табелата со 59 бода, седум повеќе од петтата Рома, додека меѓу нив е Болоња со 57 освоени бода.

„Газета дело спорт“ пишува дека Јувентус не смее да си дозволи да го продаде Влаховиќ налето бидејќи сезонава тој е најдобар играч на Старата дама. Според статистиката, Влаховиќ има најдобар однос на минути поминати на теренот и има постигнато голови во Серија А во својата кариера.

Србинот сезонава постигна 16 гола на 28 меча во сите натпреварувања, односно постигнува гол на секои 119 минути.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести