Најмалку 16 луѓе беа повредени, од кои двајца потешко како последица од удар на гром на теренот за време на средношколски меч во Јапонија. Како што официјално пренесува агенцијата Кјодо, громот удрил за време на дуелот меѓу две средни училишта.
Брзо реагирале лекарските екипи и повредените биле пренесени во болница. Двајцата најтешко повредени имале срцев застој и се во потешка здравствена состојба.