Арсенал во четвртфиналето во Лигата на шампионите го очекува пресметка со Баерн Минхен, а лесно може да се случи Топчиите да остварат двојна победа, на теренот и на преговарачката маса.
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, е во преговори токму со капитенот на Баерн Минхен, Џошуа Кимих, налето да направи трансфер на „Емирати“.
https://twitter.com/DeadlineDayLive/status/1775599650189574229
Според новинарот Екрем Конур, Артета на Кимих, за кого смета дека идеално би се вклопил во системот на игра на Арсенал, му понудил тригодишен договор.
Повеќе од сигурно е дека Кимих на крајот од сезоната ќе си замине од Баерн Минхен бидејќи сезонава неколку пати јавно го искажа незадоволдството од статусот и од играта на германскиот тим, што за германските медиуми е јасен сигнал дека фудбалерот сака нов предизвик во кариерата.