Љубовно писмо на Месут Озил до Јувентус!

Застанат пред ѕид на кој има негови фотографии од времето кога играше за Шалке, Вердер, Реал Мадрид, Арсенал и Фенербахче, германскиот фудбалер Месут Озил облечен во дрес на Јувентус, имаше изненадувачка порака на социјалните мрежи.

„Горд сум на мојата кариера и на сите прекрасни клубови за кои имав привилегија да играм. Само еден клуб фали тука: мојата италијанска љубов. Јувентус“, порача 35-годишниот Озил кој лани стави крај на играчката кариера, а ги додаде и зборовите на навивачката химна на Јуве, „Storia di un grande amore“ (Приказна на една голема љубов) со извикот Форца Јуве!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести