Славниот англиски фудбалер, Френк Лампард, од крајот на минатата сезона е без тренерски ангажман, откако си замина од клупата на Челзи. Тој после завршувањето на играчката кариера беше тренер само на екипи од Островот, но сега на негова адреса има изненадувачка понуда.
Фудбалскиот сојуз на Канада е заинтересиран да го назначи за селектор на нивната репрезентација, која за две години со сигурност ќе настапи на Светското првенство, на кое тие се домаќини заедно со САД и Мексико. Сепак, преговорите се уште не се започнати, но самиот Лампард неодамна изјави дека сака да се врати на тренерската работа.
Френк Лампард во својата тренерска кариера, освен на кормилото на Челзи, беше и на клупата на Дерби каунти во англиската Чемпионшип дивизија.